Осми пат како Американците ги превеслуваат Курдите

Курдите имаат свој амандман на онаа прочуена американска изрека дека во животот се задолжителни две работи: да се плати данок и да се умре. Овие додаваат: и да се заебат Курдите.

Курдите се народ од 40 милиони луѓе кои имат несреќа да живеат во погранични области на Турција, Сирија, Ирак и Иран. Природно, многумина од нив сакаат своја држава. Природно, државите во кои живеат тие, тоа не го сакаат.

Од една страна, Курдите се идеална алатка за американската надворешна политика. Можат да ги вооружуваат Курдите секогаш кога некоја од овие земји во кои тие живеат ќе стане непријател или пак ќе ѝ дојде непослушна влада. Од друга страна, со помошта не смее да се претерува за да не дојдат прелесно до идеја за слобода и државност Курдите во другите земји кои останале на пријателските страни.  

Ваквата динамки се одвива уште од Првата светска војна.

1. Историски гледано, задолжен за изневерување на курдските аспирации порано беше „перфидниот Албион“, односно Обединетото кралство. После ПСВ, со мировниот договор од Лозана, Англија и Франција ги скроија Ирак и Сирија по свој ќеиф, при што комплетно ги заборавија Курдите. Во раните 20-ти години, Англичаните го здробија краткотрајното Кралство на Курдите кое постоеше на ирачка територија. Само неколку години подоцна, не им пречеше курдската Република Арарат, која беше создадена на турска територија.

2. После Втората светска војна, САД постепено стануваат доминантна сила на Блискиот исток. Едно време починуваат да ги вооружуваат ирачките Курди за време на владеењето (1958-1963) на Абдел Карим Касел. Во 1964 година, САД го поддржуваат воениот пуч против Касем, пуч во кој мала улога има и Садам Хусеин. Касем е тргнат, Американците веднаш ја прекинуваат помошта за Курдите а новата ирачка влада ја снабдуваат со напалм кој подоцна ќе биде користен против нив.

3. Во текот на 70-тие години, ирачката влада влегува во орбитата на СССР. Никсоновата влада, со менторство на Кисинџер кова план со нивниот тогашен сојузник Иран, во кој владее Шахот Реза Пахлави, да се вооружуваат ирачките Курди. Планот не е тие да успеат, за на самостојност да не се напалат и иранските Курди. САД се потписнички на договорот меѓу Шахот и Садам кој вклучува секнување на помошта за Курдите. Ирачаните одат на север и прават масакр убивајќи илјадници Курди. Блазираниот Кисинџер ќе каже: „Треба да се прави разлика меѓу тајни операции и мисионерски труд“.

4.За време ан 80-тите години, ирачката влада практично прави геноцид врз Курдите, сосе хемиско оружје. Администрацијата на Реган знае за сето тоа, меѓутоа бидејќи им се бендисува како Садам го ремети Иран, го спречува Конгресот да се изгласаат санкции. Американските медиуми вредно ја одработуваат улогата. Кога репортер на Вашингтон пост сака да објави фотографии од Курди убиени со хемиско оружје, уредникот му вика: „Кого тоа го занима?“

5. Додека Американците бомбардираат за време на Заливската војна во 1991 година, Џорџ Буш постариот фамозно ќе порача: „Време е ирачкиот народ и војска да ги преземат работите во свои раце.“ И шиитските Ирачани во јужен Ирак и ирачките Курди од северот ова го толкуваат како благослов да тргнат во акција. И тргнуваат, само што американската војска останува тотално пасивна па Ирачките сили ги прават парче сите бунтовници низ земјата.

„На Вашингтон не му беше до демократија и слобода или пак посебно му пречеше бескрупулозноста на Садам. Само сакаше да го тргнат Садам. Најдобрата комбинација ќе беше војна хунта која ќе биде бескрупулозна како Садам, само него да го нема во равенката,“ објаснува колумнистот на Њујорк Тајмс, Томас Фридман.

6. Сликите од убиени Курди почнуваат да изгледаат сè полошо на светските медиуми и администрацијата на Буш е принудена нешто сепак да преземе па го подржува британскиот план за заштита на Курдите во северен Ирак. За време на админстрацијата на Клинтон во 90-тите години, ирачките Курди беа добри Курди. Ама затоа, оние поисточно, Курдите во Турција, беа проблем за американскиот сојузник Турција па тие беа лоши Курди. САД ја товари Турција со огромно вооружување кое - со нивно знаење- се користи за да бидат убиени десетици илјади Курди и да се уништат илјадници курски села. 

7. Пост-воената слобода за ирачите Курди ја прави Турција екстремно нервозна. Во 2007-ма година САД ѝ дозволуваат на Турција да започнат тешко бомбардирање на Курдите во Ирак.

Сега Трамп има реторика која се чини решителна да не ѝ дозволи на Турција сосема да се размавне против Курдите во Сирија. Курдите имаат една надеж, дека Трамп, кој по многу прашања е исклучок во американската политика, ќе биде исклучок и на нивната тема. Бидејќи, ако се работи за континуитет, го јаделе.

После една ваква историја, станува многу јасна една курдска поговорка кој вели:

„Освен планините, Курдите немаат друг сојузник“.  

10 октомври 2019 - 14:15