Непријателот на мојот непријател е муслиман?

Кај Евреите во Германија вкоренетиот страв од нацисти стана засенет со страв од анти-семитизам на над 1 милиони новокомпонирани муслимани жители на Германија кои како бегалци пристигнаа во земјата од 2015 до денес.

АФД, крајно-десната германска партија која направи сериозни пореметувања во германската политика и парламент, доби сопствено „крило“ на Евреи симпатизери. Ваквото засилување следува и покрај тоа што нејзини функционери го релативизираа холокаустот  а еврејските организации и заедници ја критикуваа АФД заради нејзините ксенофобични гледишта.

Веста за приклучувањето на еврејска група кон партијата беше сериски критикувана од добар дел од меинстрим еврејските организации, по основа дека тоа е погрешно, непотребно, ќе штети и слично.

Критичарите на ваквиот потег, објаснуваат дека тие всушност сочувствуваат со бегалците, истовремено опоменувајќи ги дојденците дека тие сепак ќе мора да ги прифатат „демократските вредности и да избегнуваат мизогинија, хомофобија, анти-семитизам и други анти-модерни гледишта, доколку сакаат да останат во Германија“.

Новостворената наклонетост на дел од еврејската заедница во Германија повторно легнува на сметка на Меркел и нејзината либерална политика кон бегалците. Освен што присобира Евреи, последните анкети покажуваат дека АФД успева да штрбне и од гласачите на ЦДУ на Меркел со што стана втора по моќност партија во земјата.

27 септември 2018 - 14:29