Во секоја беља има нешто добро

Можно е Тесла да прави нова електрична мрежа за цело Порторико

Речиси цело Порторико со недели е без струја по беснеењето на последниот ураган. Кога веќе електричната мрежа е уништена, зошто таа да не се прави по ново?

Тесла веќе го има имплементирано својот соларен електричен систем со батерии на неколку острови како што е Кауаи на Хаваи но нивниот прв човек потсетува дека таквиот систем е скалабилен и би можел да се примени и на Порторико, земја во која 95% од мрежата сè уште е аут како последица од ураганката Марија.

Прво Маск го цимнаа од една консултантска фирма:

Потоа лично помош побара и гувернерот на Порторико, Рикардо Росело.

Технологијата на Тесла не е имуна на природни катастрофи. И таа се потпира на кабли и релеи но дизајнот на системот е подистрибуиран, со повеќекратни нивоа и инстанци што ги намалува шансите тие истовремено и масовно да рикнат. Згора на тоа, дури и во случај на колапс на системот за дистрибуција, електричната станица (тоа шкафчето со батерии) останува во или блиску до домот па ќе може да ја опслужи куќата и комшилукот.   

Порторико е земја со стара и амортизирана електрична мрежа а на плеќи има и долгови и 11 годишна економска рецесија. Ако коцките фино се склопат, од мизеријата која ураганот само ја потенцираше, островот може да излезе со совршено модерен, дистрибутивен и обновлив електричен систем кој ќе го направи поподготвен за идните природни и други неволји.

9 октомври 2017 - 09:06