Меме на 2016 е "2016, еби се"

Уште на почетокот од јануари годинава, Ролинг Стоун и Вајс објавија статии за тоа колку ќе биде ужасна 2016, наведувајќи природни катастрофи во Лос Анџелес, судирот во Сирија, поп-култура и слично. Дури и они не можеа да го предвидат Дејвид Боуви.

Следната недела умира Боуви, а со тоа почнува и мантрата "2016, еби се". Во месеците потоа на листата се најдоа Алан Рикман, Принс, Мухамед Али, Џин Вајлдер, и секој пат реакцијата беше 2016, еби се. Паралелно со ова следуваа масовни убиства, терористички напади, брегзит, зика вирусот, за сето тоа да кулминира со американските претседателски избори.

"Како што се приближуваше крајот на годината, така и извиците добија шамански интензитет на култ на смртта, извикувавме 2016, еби се. Нека гори," пишува Клејтон Пурдом во А.В. клуб.

Пурдом објаснува дека овој крик е единствената работа околу која луѓето можат да се согласат, но и покрај сè - тоа да биде мирен центар на кој сите можат да се вратат.

Неговото чувство е дека најдоброто што секој можеше да го направи после секоја нова нервоза е "што побрзо и што подобро да и каже на 2016 да одјебе".

Најдобар во ова годинава беше Џон Оливер, па како логичен заклучок на сите овие 12 месеци тој одлучи прв да ја крене во воздух 2016.

"Ама валканата тајна на 2016, еби се, е дека мемето не почна на 1-ви јануари 2016. Ние ги правевме истите шеги и за 2015, и за 2014, и 2013, и 2012. На исти начин реагиравме на смртта на Робин Вилијамс, на Птичјиот грип, на Фергусон. Мразењето на годината во која се наоѓаме не е одговор на најразличните смртни случаи, тага и злосторства со кои се справуваме секоја година: тоа е реакцијата кон интернетот, кој бара нешто интересно и отмено во истиот момент кога нешто ќе се случи. Не зборувам тука за нервозата и вистинската тага што непрекинато ја чувствуваме цела година; зборувам за шегата што ја направивме и ја повторувавме за потоа да се утешиме себе си. Повторувавме и повторувавме 2016, еби се. Истоштувачки е и ние сме истоштени од тоа, па кој е подобар одговор отколку чиста и постојана истоштеност," пишува Пурдом.

Остатокот од обраќањето на 2016, тука

9 декември 2016 - 15:30