Литиумот е новата нафта

Главен играч на пазарот со литиум во моментов е Кина, што никако не им е по воља на Американците. Кинезите играат глобално со јакнење на односите со земји во кои иима огромни резерви на литиум. А и Американците играат глобално, со нивната франшиза наречена шарени револуции.

За да се добие претстава за потенцијалот на побарувачката на литиум: батериите на автомобил Тесла, Модел С, бара 63 килограми литиум карбонат, што е доволно енергија за околу 10.000 батерии на смартфони. Само еден процент покачено производство на електрични возила, ќе доведе до пораст на побарувачката на литиум од 40% од сегашното производство. Со сè повеќе влади кои се ангажираат околу намалување на испуштањето на јаглерод диоксид, во наредните децении се очекува бум на електричната авто-индустријата што литиумот го прави стратешки елемент каков што е нафтата денес.

Играта со литиумот во моментов ја контролира Кина и тоа им е јасно на нејзините глобални конкуренти, САД. Кинезите планираат да станат најголеми производители  на електрични возила во светот и затоа развојот на материјали за литиумски батерии им е приоритет во актуелната, 13-та по ред петолетка (2016-20).

Кина има свои резерви на литиум но не доволно. Главниот снабдувач ѝ е Австралија која ѝ обезбедува 75% од нејзините потреби и околу 40% од вкупните глобални потреби. Затоа бараат нови пазари а литиумот го има во само неколку земји од светот.

Меѓу нив и Боливија.

Некои геолошки проценки велат дека боливиските резерви на литиум се најбогати на светот, иако нејзиниот литиум е нешто покомплициран за екстракција. Од 2015 година, кинеска рударска компанија работи на една голема локација во Боливија за да произведува калиум хлорид како земјоделско ѓубриво. Но токму на таа локација е веројатно најголемото наоѓалиште на литуим во земјата.

Во февруари оваа година, владата на Ево Моралес потпишува договор со Кинезите кои добиваат 49% од заедничката фирма со државната компанија за литиум, проект вреден 2,3 милијарди долари. 

„Неодамнешниот воен удар во Боливија кој го принуди Евво Моралес во азил во Мексико, од она што сега се знае, има ракопис на Вашингтон. Промовирањето на Жанин Ањез, десничарска христијанка и на десничарскиот милијардер Луис Камачо, најавува гадно вртење на земјата в десно, политика која отворено ја подржува Вашингтон.“

Овa го пишува Вилијам Енгдал, доктор по политички науки на Принстон и меѓународен консултант и експерт за менаџирање на стратешки ризици.

Според него, бидејќи Кинезите решија сериозно да ги зајакнат економските односи и со Чиле (на откажаниот самит на АПЕК во Чиле, Кинезите планираа да дојдат со 150 директори на големи компании и да потпишат огромни економски договори), последната ерупција на незадоволства и протести во Чиле го носат печатот на веќе видените шарени револуции кои ги оркестрира Вашингтон.

19 ноември 2019 - 14:46