Комплетната флота на Ф-35 приземјена заради црево за гориво

Ф-35 е моделот кој треба да биде столбот на американската и НАТО воена авијација во следните неколку децении, проект на кој се вложени сериозни пари, време и ресурси. Во септември минатата година една од 35-ките падна, по што почна паркирање на неодредено време на авионите од овој модел.

Блумберг објавува дека дефектот „е предизвикан од црево за гориво кое се дупнало за време на летот, што резултирало со губење снага на моторот.“ Инаку ова е првиот паднат Ф-35 во речиси две децениската историја на авионот.

По несреќата спроведена е инспекција и откриено е дека 117 летала, околу 40% од флотата на Ф-35, ги имаат истите црева за гориво кои задолжително мора да бидат заменети.

Блумберг пишува и дека производителот одговорен за расипаниот дел изминативе 2 години постојано доцни во испорачување на нарачките (во 2018 задоцнети се 86%, во 2017 48%), делумно заради раст на „просечниот број на проблеми со квалитетот кај моторите“.

Ф-35 програмата се проценува дека до сега чинела 428 милијарди долари, со што е најскапата (позната) програма на Пентагон.

13 мај 2019 - 13:39