Кога Господ делел донации за сиромашните прво си дал на себе?

Ако Ватикан парите од донациите за сиромашните речиси исклучиво ги користи за свои потреби, дали е тоа криминал или само Ватикан е сиромашен?

Само 10% од донациите за Римо-католичката црква кои специфично се промовираат дека се за помош на сиромашните, завршуваат кај сиромашните.

Се работи за парите од годишните донации што се прават за Петрова паричка, добротворниот фонд на Папата исклучиво наменет за помош на сиромашните. Во реалниот свет парите речиси исклучиво одат за покривање на административниот буџетски дефицит на Ватикан.

Веста ја објавува Вол стрит журнал, кој дополнува дека според правилата на црквата Папата има право овие пари да ги користи како сака, без разлика што ги собрал под плаштот на помагање на сиромашните.

Извори на Вол стрит журнал тврдат дека од доаѓањето на Францис на власт во Ватикан, имотот на Петрова паричка паднал од 775 милиони долари на 665 милиони. Во 2018 дефицитот на Светата столица се зголемил за два пати и изнесува 76 милиони долари.

12 декември 2019 - 11:10