Кинески свињи-мечки

Ако Американци усовршија како за три недели да направат жбитаци од пилиња, Кинезите сега работат на нешто многу посуштинско - како свињите да ги направат колку мечки.

Целта на кинеските сточари е создавање свиња со тежина на поларна мечка. Тие веќе имаат стадо свињи со примероци од по 500 килограми, а целта им е вакви капиталци да им бидат просек. Мечка свињите во регионот во јужна Кина се продаваат за околу 1400 долари.

Заради високите цени на свинското, освен вака амбициозните примероци на сточари, и регуларните фармери почнаа да ја креваат просечната тежина на свињите на 175 до 200 килограми пред колење. Претходно животните се одгледуваа до кај 125 килограми. Кај најголемите сточари кои свињите ги одгледуваат на индустриско ниво, границата за тежина на животните е крената на 140 килограми, од 110 колку што претходно беше просекот.

Главно благодарејќи на африканската свинска треска, цената на свинското во Кина годинава се зголеми за 70%, додека залихата на свинско е намалена за 39%. Годинава се очекува дека на кинескиот пазар ќе недостасуваат околу 10 милиони тони свинско месо.

7 октомври 2019 - 11:59