Катар почна да лади, надвор

Периодов температурите во и онака претоплиот Катар достигнаа такви горештини што тамошните власти почна да поставуваат клима уреди на отворено.

Земјата во која летните температури достигнуваат 46 степени, веќе ги опреми со клима уреди стадионите за Мундијалот 2022, кој токму заради горештината ќе се одигра малку подоцна. Еден од стадионите има разладување под секое седиште (над 40.000 седишта) и систем за директно разладување на тревата.

Сега слични масовни системи се поставуваат на тротоарите и пазарите на отворено за малку, колку толку, да се внесе студен воздух во секојдневниот живот.

Иако местимично и привремено ќе разлади, ова нема никаква логика на долг рок, бидејќи сите тие масовни системи за разладување во крајна линија работат на фосилни горива, со што ќе се зголеми загадувањето од нив, со што пак ќе се засили глобалното затоплување.

Катар кој е најголемиот загадувач со стакленички гасови по глава на жител во светот (3 пати повеќе од САД и 6 пати повеќе од Кина), 60 проценти од потрошувачката на електрична енергија ја користи за разладување.

Минатиот месец во Доха се одржа Светското првенство во атлетика. Бидејќи е Доха, женскиот маратон беше префрлен за полноќ, а на станиците за вода се делеа сунѓери натопени во вода со мраз. На маратонот имаше повеќе луѓе од Брза помош отколку учесници.

21 октомври 2019 - 14:03