Канаѓанката што го доби твојот омилен џекпот

Премијата на една канадска лотарија е неостварената желба на секое тукашно сањарење со отворени очи кога решаваш да бидеш скромен - да добивам по 1.000 долари неделно до крајот на животот. Во последното коло главната награда и се падна на една девојка, и тоа неполни 2 недели откако наполни 18 години.

Шарли Лагард од Квебек добитното ливче го купува на 14 март, додека чека на каса за да плати за шампањот што го земала за својот 18-ти роденден.

Добивката и е 1 милион канадски долари веднаш или 1.000 долари неделно до крајот на животот. По консултации со финансиски советници, девојката се решава на систем капка по капка. Придобивката е тоа што со ваквата исплата таа нема да плаќа данок на добивката.

На трезно, Лагард тврди дека парите ќе ги даде на патување и образование. Сака да студира фотографија и за сега една од желбите и е да работи за Нешнл џиографик.

28 март 2018 - 10:55