Изборите од 2 милијарди долари

За да влезе во Белата куќа, во 2008-ма Обама успеа да собере 750 милиони долари во донации. Годинава веројатно ќе заокружи на цела милијарда.

Во меморандум од штабот на Ромни, објавен од Њујорк Тајмс, се очекува кампањата на Републиканците да добие околу 500 милиони долари од големите донатори и уште дополнителни 300 милиони од малите донатори.

Во овие 800 милиони се пресметани и 86-те милиони долари што Ромни ги собра за време на партиските избори за републиканските претседателски кандидат.

Ромни очекува да ја комплетира милијардата за претседателските избори со 200-те милиони што ги чекаат од Super PAC-ови.

Според Републиканците, Обама на изборите ќе потроши исто околу 1 милијарда долари. Ова веднаш беше негирано од штабот на Обама, од каде објаснуваат дека високата проценка единствено има за цел да ги мотивира конзервативните донатори и да ги убеди поддржувачите на Обама, дека нема потреба повеќе да донираат.

Инаку, во 2008-ма, републиканскиот против кандидат Џон Меккејн, успеа да собере 383 милиони долари за финансирање на кампањата.