Италијански депонии со реа на рак

Северниот италијански град Павија има два главни проблема: распространето палење на нелегално фрлено ѓубре и повисока стапка на рак од кога и да е. И ова може да е коинциденција, ама тешко.

Ла стампа пишува дека во последниот случај беше запалена планина ѓубре со површина од 15.000 метри квадратни натрупани со машини за перење, стари автомобили, градежен шут, мермерни надгробни споменици и секакви видови електроника, собрани од индустриските предградија на Павија.

Иако поврзаноста не е докажана, во исто време стапката на рак кај мажите од Павија е 10% повисока од просекот во Ломбардија и 18% повисока од националниот просек. Градот го држи и рекордот за најнизок очекуван животен век во Италија, односно просек од 81 година, наспроти националниот просек од 83 години.

Заклучокот од истрагата на споменатото и сите други недозволени палења отпад е дека „палење отпад е поевтино отколку негово правилно отстранување.“

Почетокот на дивите депонии околу Павија се поврзува со кинеската одлука да престане да увезува отпад од странство. Иако нема никаков траг или документ, најчесто дивите депонии не се појавуваат каде стигнат туку на одредени парцели земјиште, чии сопственици подоцна тврдат дека немале поим што таму се случува, кога камиони без никаква најава почнуваат да истовараат ѓубриште. По неколку месеци и стотици испразнети камиони, дивата депонија се пали преку ноќ.

Иако се уште не можат да го докажат тоа, властите ги поврзуваат депониите и нелегалното палење со италијанската мафија, конкретно со Камора. Во рамките на италијанскиот парламент веќе работи и комисија која го испитува палењето отпад, и штетното влијание на околината.          

16 април 2018 - 15:58