Градот Њујорк реши да удри на големите нафташи

Како прво ќе ги закрпи за 5 милијарди долари а како второ ги носи на федерален суд за да платат за штетата што ѝ ја имаат направено на климата на Њујорк и здравјето на неговите граѓани.

Њујоршкиот градоначалник најави дека петте нафтени гиганти ќе останат без пет милијарди долари, колку што во нив имаат инвестирано петте пензиски фондови на градот со вкупен капитал од 189 милијарди долари.

Се работи за пари со кои досега располагаа БП, Шеврон, ЕксонМобил, КонокоФилип си Ројал Дач Шел, компании од кои на федерален суд ќе се бара и компензација за штетите кои досега ги имаат направено за градот, неговата клима и неговите жители. 

„Ја носиме битката против климатските промени директно против компаниите со фосилни горива кои знаеја за последиците но намерно ја заведуваа јавноста за да ги заштитат своите профити,“ рече Де Бласио.

Повикувајќи се на неодамна откриени документи, градоначалникот изјави дека градот има докази дека тие компании намерно создавале кампањи за измама и негирање на климатските промени на кои влијае нивното работење.

Бласио вели дека е крајно време да се прекине лошиот круг и да се смени начинот на кој се води бизнис. Во случајов, дека трошоците за заштита на градот мора да бидат споделени од оние компании кои направија сè за да се дојде до таква егзистенцијална закана за њујорчани.

„Одиме во потера по лакомите кои профитираа на ужасен и одвратен начин“, најави градоначалникот.

12 јануари 2018 - 15:56