Глобална инвазија од Кинези

Само во првата половина од 2012-та, 39 милиони Кинези патувале надвор од својата татковина. Што е отприлика како цела Полска да остане празна во рок од 6 месеци.

И пред информацијата, меѓународната воздухопловна организација ИАТА, објави дека Кинезите до 2016-та планираат изградба на 56 нови аеродроми, преселба на 16 постојни на подобри локации и проширување на 91 аеродром.

Инаку, минатата година кинеските авион компании остварија речиси половина од вкупниот профит на светскиот воздушен сообраќај, кој изнесуваше околу 7,9 милијарди долари.

Освен туристичките агенции, оваа информација посебно ги радува економистите, кои нејзе ја сфаќаат како доказ дека средната класа во земјата е задоволна и подготвена да троши, и покрај лошите економски показатели.

14 август 2012 - 19:20