ЕУ прави лажњаци во борбата против климатските промени

Во копија на локалниот апсурд да имаш субвенции за тутун, а на секој чекор да забрануваш пушење цигари, ЕУ има субвенции за јаглен, додека е потписник на Парискиот климатски договор.

Деновиве завршија маратонски преговори во кои ЕУ членките договорија граница на ЦО2 издувни гасови од 550 грама по киловат-час за сите европски електрани до 2025. Во сето ова Полска, инаку зависна од јаглен, успеа да избори исклучок за себе и да извади уште една година за преговарање на новите „механизми за капацитет“ кои ќе бидат изземени од крајниот рок.

Во пракса ова би можело да им дозволи на непрофитабилните електрани кои работат на јаглен да продолжат со работа до 2035, пет години по крајниот рок за укинување на јагленот во ЕУ предвиден со Парискиот климатски договор.

„Продолжената поддршка за јагленот која беше договорена од ЕУ целосно е неконзистентна со остварување на целите од Париз и посебно со ограничување на растот на затоплувањето 1,5 степени целзиусови (над пред-индустриските нивоа).

Изгледа дека ова е де-факто отфрлање на заклучокот на Интер-владиниот панел за климатски промени дека јагленот треба рапидно да биде исклучен од енергетскиот сектор. Во ЕУ ова значи до 2030,“ објаснува за Гардијан директорот на Клајмејт аналитикс, Бил Хер.

Слична позиција имаат и Гринпис според кои понатамошното субвенционирање на јагленот покажува дека голем број од владите на ЕУ не се сериозни околу климатските промени.

21 декември 2018 - 14:29