Данска ќе ги решава мигрантите криминалци со напуштен остров

Се што е криминалец во земјата што нема дански пасош ќе заврши на напуштен остров и таму ќе чека да биде депортиран, предвидува новата иницијатива на данската влада.

„Се додека не се ослободиме од нив, ќе можеме да ги преселиме на Линдхолм островот, каде навечер ќе мора да преноќуваат во новиот центар за излез. И постојано ќе има присуство на полицијата,“ се објаснува во видеото што Данската народна партија (ДПП) го објави на Твитер.

Планот, и тоа што во него е вклучена десничарската ДПП, инстантно предизвика гнев кај опозиција и активисти, ама па од владата не се нешто потресени.

Според данската министерка за имиграција и интеграција, Ингер Стојберг, позитивното кај ваквиот план е што тој испраќа јасна порака.

„Мене ми е задоволство што успеавме да воспоставиме центар за излез на островот Линдхолм за криминалци кои моментално живеат во Центарот за згрижување во Kерсховегард.

Тие не се пожелни во земјата и со новиот центар за излез на островот Линдхолм, ние испраќаме јасна порака дека тие немаат иднина во Данска,“ објаснува министерката.

4 декември 2018 - 16:08