Дали спора правда на крај е правда?

Алвин Кенард од Алабама има 22 години кога во 1983-та влегува во затвор. Годинава, 36 години подоцна, тој е пуштен на слобода. Зошто одлежува 36 години? За кражба во пекара од 50 долари и 75 центи. Ај сега пак насловот.

Кенард за време на сослушувањето за неговото ослободување

Кенард завршува со неразумно високата казна по основа на „законот за три грешки“, според кој доколку направиш три прекршоци, на третиот заглавуваш сериозно во затвор, без разлика колку казната ќе биде непропорционална во однос на тоа што си го направил.

Пред кражбата од 50 долари, тој е на 3-годишна условна казна заради кражба од втор степен од 1979.

Случајот на Кенард е откриен од еден тамошен судија, кој за тоа ги информира луѓето од Алабама центарот за право и правда. Директорката на центарот, Карла Краудер, го застапува Кенард пред суд и успева да се избори за негово ослободување.

Излегувањето на затвор на Кенард е по основа на помилување, не затоа што по 36 години ја има одлежано целата казна за крадење 50 долари.

Според Краудер има уште стотици затвореници во слична ситуација, кои се уште се во затворите во Алабама затоа што не можат да најдат адвокат.

30 август 2019 - 12:12