Что думали, что получилось

Промосковскиот политичар чиј потпис формално ѝ го предаде Крим на Русија, три години подоцна вели дека не се кае за тоа, ама не е тоа тоа што луѓето го очекувале.

Алексеј Чалју во март 2014 беше самопрогласен градоначалник на најголемиот кримски град, Севастопол, кој по референдумот го потпиша документот со кој контролата на полуостровот дојде во рацете на Русија. 

55-годишниот политичар би го сторил истото и денес, само што вели дека доста луѓе се прилично разочарани како се развивала ситуацијата и квалитетот на нивниот живот. 

По пресвртот Чалју кратко време остана прв човек на Севастопол, но потоа им го отстапи местото на нови ликови од локалната политичка сцена. По него, токму тие се главната причина што многу работи не се одвивале како што се очекувало.

„Оние што ја преземаа власта ниту знаеја ниту имаа волја да го подобрат животот на луѓето“, вели Чалју, кој тврди дека огромен дел од помошта што доаѓа од Русија завршува во погрешни раце.

28 март 2017 - 11:04