Берни Сандерс се сака со донации

Во рок од 24 часа откако објави дека се приклучува на трката за претседател на САД, Берни Сандерс успеа да собере 6 милиони долари од донации.

Сандерс на Твитер напиша дека парите доаѓаат од вкупно 225.000 донатори, кои во просек донирале по 27 долари.

Од кампањата на Сандерс дополнија дека само во првите 10 часа по објавата за кандидатура веќе имале собрано над 4 милиони долари од 150.000 поединечни донатори.

За сега ова е рекордот за донации во првиот ден од објавата за учество во трката за претседател на САД во 2020.

Претходниот рекорд, беше на сенаторката Камала Харис, која успеа да собере 1,5 милиони долари од 38.000 донатори во рок од 24 часа. Тогаш магазинот Политико пресмета дека просечната донација за кампањата на Харис била 37 долари.

На последните избори Берни имаше неуспешна кампања за претседател на САД, кога во партиската трка беше поразен до Хилари Клинтон.

Доколку овој пат успее да добие партиската номинација, а потоа и претседателските избори, Сандерс ќе има 79 години во моментот на неговата инаугурација, со што би станал најстариот претседател во историјата на САД.

Би-би-си изброи дека до сега има 38 кандидати од Демократите кои официјално се кандидирале во трката за американски претседател или имаат поддршка да го направат тоа во блиска иднина. (Тие со знак штиклирано се официјалните.)

21 февруари 2019 - 15:57