Вработените на Боинг за Боинг 737 МАКС

Авионов е проектиран од кловнови

Боинг повторно објави комплет службена интерна кореспонденција на вработените околу Боинг 737 МАКС, и повторно вработените се ужаснати од авионот што компанијата го испорачала.

„Авионов е проектиран од кловнови, што биле под супервизија на мајмуни,“ е пораката од 2016 на еден пилот на компанијата до своите колеги.

Во друга порака, вработен на Боинг отворено признава дека ја излажал агенцијата за авијација, во делот за МЦАС софтверот кој беше клучен за двете авионски несреќи во кои загинаа 346 лица.

„Се уште Господ ми нема простено за лажирањето што го направив минатата година,“ пишува еден од вработените во порака од 2018, која се однесува на неговата комуникација со Агенцијата.

Во посебен разговор група тест пилоти на Боинг се согласуваат дека не би сакале нивните семејства да летаат со пилоти обучени на новиот Боинг 737 МАКС 8 симулатор за летање.

Објавената кореспонденција е за потребите на американските законодавци и на Агенцијата за авијација (ФАА) кои се дел од истрагата околу пропустите во моделот 737 МАКС на Боинг.

„Комуникацијата открива длабоко вознемирувачка слика за тоа до каде Боинг е подготвен да оди за да го избегне надзорот од регулаторите, авионските екипажи и јавноста, дури и кога нивните вработени интерно ги активирале алармите,“ изјавуваат луѓето вклучени во истрагата.

Од Боинг изјавуваат дека им е жал што лажеле.

10 јануари 2020 - 13:49