Одлука на Федералниот суд на САД:

Женските гради не се слобода на говор

За да го заштити јавното добро, безбедност и морал, државата треба да ги одвраќа жените да одат топлес, реши американскиот федерален суд со што криењето на женските гради го направи поважно од целиот слободарски корпус кој е заштитен со првиот амандман од американскиот устав.

Само една судијка го изземала своето мислење од ваквата пресуда која се темелела на мислењето дека уставно загарантираните слободи се однесуваат на мислењето и говорот и дека голите женски гради не се „експресивни“ во мерка во која ќе се сметаат за некаква форма на изразување.

Судијката Илана Ровнер смета дека ваквото решение на нејзината институција веројатно ќе повлече тужби за непочитување на првиот амандман и клаузулите кои гарантираат родова еднаквост, со оглед на тоа што голите машки гради, според одлуката на федералните судии,  остануваат легални и дозволени.

Одлуката е донесена заради случајот Тагами против градот Чикаго, кој се врти околу дотичната Соноко Тагами која со 100 долари била казнета за јавна непристојност во 2014 кога излегла надвор гола и обоена за да го прослави "GoTopless Day".

Тагами случајот го однесе во правниот лавиринт и нејзиниот случај се темелеше на тврдењето дека забраната за топлес жени во ситуации кога истото им се дозволува на мажи е директно прекршување на 114 амандман кој гарантира еднаква заштита на половите.

Иако е јасно дека со оглед на тоа што и мажите и жените имаат гради, регулацијата на тоа што е пристојно а што не, нема никаква врска со некои објективни критериуми туку со културни норми, судиите во својата конзервативна одлука се повикале токму на традиционализмот и „очигледностa“.

Јавното соголување експлицитно е забрането во 47 американски сојузни држави а во самoto Чикаgо, гола женска цицка може да се појави на јавно место само во својство на хранителка на бебе.