Заедничкото хоби на богаташите

Стив Сиболд е студент (со студентски пари) кој обидувајќи се да стане богат решава за тоа да ги консултира луѓето кои навистина имаат пари – мултимилионери па нагоре - и од тоа да извади НЗС од нивните совети. Сето ова почнува со интервју со еден милионер, до денес има разговарано со над 1.200 богаташи.

Проектот на разговори со богаташи му трае веќе 3 децении, а во меѓувреме и самиот станува милионер. Она што го забележува како заедничко обележје за сите овие богати луѓе е дека во "слободно време се само-образуваат преку читање."

"Влегуваш во домот на богат човек и една од првите работи што ги гледаш е обемната библиотека од книги што ги искористиле за сопствено образование за тоа како да станат поуспешни. Средната класа чита романи, таблоиди и магазини за забава," објаснува Стив Сиболд, според кој богатите попрво би се образувале, отколку да се забавуваат со нешто.

Како пример го даваат Ворен Бафет, кој по лични проценки 80% од својот работен ден го посветува на читање. Авторот на книгата "Rich Habits: The Daily Success Habits Of Wealthy Individuals," Томас Корли, дава статистики според кои 67% од богатите гледаат ТВ само еден час на ден или помалку, додека 23% од сиромашните гледаат телевизија под еден час дневно. Тој исто така дошол до бројката дека само 6% од богатите гледаат реални шоуа, наспроти 78% од сиромашните.

Една од работите што Сиболд ја забележува е дека иако богатите и не се премногу заинтересирани за формално продолжување и надградување на образованието, ним им е јасна потребата од учење нови работи и по завршување на високото образование.

8 јануари 2016 - 12:37