Убавите луѓе се досадни

По дефиниција убавите имаат тенденција да бидат конформисти, заради што грдите од старт имаат предност кога е во прашање забавата.

Истражувањето објавено во журналот за Психолошки науки покажало дека "убавите луѓе имаат тенденција повеќе да се фокусираат на конформитетот и само промоцијата, отколку на независност и толеранција."

"Парискиот шансониер и легендарен љубовник Серж Генсборг, секогаш ги одбирал најгрдите девојки. Ова не е заради машкиот мит дека помалку убавите девојки ќе бидат 'поблагодарни,' туку затоа што Генсборг знаел дека разговорот ќе биде поубав, колку е погрда девојката," пишува Стивен Бејли, автор на книгата Ugly: The Aesthetics of Everything.

Објаснувајќи повеќе ситуации во кои убавината е погрешно протолкувана, како и тоа дека таа ниту е трајна, ниту е дофатлива, Бејли заклучува дека човештвото има сосема погрешни сфаќања за грдотија и убавина.

"Убавината е униформност без карактер, додека грдотијата е фасцинантна, полна со разноликост и стимулирачки предизвици. Освен тоа дефиницијата за убавина постојано се менува. Историјата на вкусот покажува дека не постојат фиксни стандарди во текот на времето," објаснува Бејли.

26 октомври 2012 - 15:23