Трансродовите права удрија на женските права

Група феминистки и академици ја предупредуваат шкотската влада дека нивното „месечарење“ кон пообемни права за трансродовите лица води кон „значителна ерозија на женските права“.

Во 2016 шкотската премиерка ветува дека радикално ќе ги измени законите кои се однесуваат на транс луѓето. Неколку години подоцна групи кои се борат за права на жените собираат што е можно поголема поддршка против измените што ги вети премиерката.

Проблемот на групата „Шкотска за жени“ е во измените на законот кои ќе им дозволат на граѓаните правно да го сменат својот пол „преку само-прогласување“.

Самото пребришување на половите според групата повлекува и поопширни проблеми: „ако велиме дека нема различни полови, тогаш немаме ниту дискриминација по основа на пол, и токму најранливите жени се оние кои ќе страдаат од ова.“

Сосема друга група „Жени и девојки во Шкотска“ објавија сопствена анализа во која се објаснува дека предлогот трансродовите ученици да можат да се натпреваруваат и да ги користат соблекувалните на полот со кој се идентификуваат е прекршување на 10 члена од Конвенцијата на О.Н. за Правата на децата.

Шкотската премиерка е на ставот дека она што победата на кампањата за истополовиот брак беше за претходниот мандат, во овој мандат ќе биде проширувањето на правата на трансродовите лица.

1 февруари 2019 - 15:42