Средниот прст е по устав

Полицајците не можат да бидат многуи свилени кога си имаат работа со безобразни или невоспитани граѓани, решила американска Апелација. Некој им покажал среден прст? Е, ако де.   

Федерален апелационен суд на САД пресудил дека уставно загарантираните права на една жена од Мичиген ѝ биле прекршени кога ѝ била дадена казна од локален полицаец откако овој ја казнил за брзо возење а таа му покажала среден прст.

3:0 било на гласањето а судот порачал дека полицајците би тебало подобро да го познаваат правниот систем.

Настанот е банален: Цајкан ја запрел жената и ѝ предал релативно мала казна за пречекорување на брзината. Таа ја примила казната ама на заминување му дигнала среден прст по што овој повторно ја сопрел и ја казнил малку пожестоко. 

Не може тоа така, решил Апелациониот суд бидејќи на ваков начин се прекршува и уставно загарантираната слобода на говор (и изразување) како и правото никој да не смее да биде задржуван без потреба. Ете така.

20 март 2019 - 14:34