Шеф, ама не и гатанка

Како што знаат сите авторитетни a паметни шефови (корпоративни или партиски, сеедно), еден од нивните најголеми проблеми се оние околу нив кои климаат со глава на секоја нивна забелешка. Проблемот во својата околина го открил и извршниот на ЛинкдИн и оттогаш на сите "евет ефендии" во фирмата "им црта" што сакал да каже.

Пред неколку години на Џеф Веинер некој вработен му открил дека во екипите кои работат на некои проекти настанува вистинска пометња кога ќе добијат некаков фидбек од него. Веднаш се изместуваат и приоритетите и решенијата за да се удоволи на сугестијата која ја добиле од главниот.

А сугестијата, си знае тој, не ни требала да помести било какви решенија. Едноставно, била сугестија.

"Немав идеја дека моите зборови толку сериозно ги сфаќаат," вели Веинер.

Оттогаш, првиот човек на ЛинкдИн воспоставил систем кој трае и денеска а се состои во тоа што секоја негова сугестија до вработените  ја класифицира во една од следниве три категории: а) лично мислење, б) силна препорака или в) задолжително.

И сите ги знаат следниве објаснувања:

- Личното мислење е само лично мислење. Може да е од забавна природа. Да се земе предвид само како едно мислење на некој друг вработен или пак муштерија, без да се поврзува со титулата и моќта.

- Силната препорака е нешто појака порака но останува сугестија. Не е упатство "што екипата треба да прави". Кога дава ваква силна препорака Винер сака да сподели што мисли со оглед на неговото искуство но сепак на тимот да му остави простор да ризикува. Ваквите забелешки бараат постоење две страни и отворени чакри за дискусија. 

- Задолжителните препораки се наредби. Ги дава само кога проценува дека некои потези можат скапо да ја чинат компанијата.

Вели дека ваквиот систем се покажал како исклучително корисен особено во случај на новите вработени кои не се навикнати на неговите чести вклучувања во работата на фирмата и не знаат како да ги толкуваат забелешките од "главниот".

3 јуни 2014 - 12:48