Само масовна депортација може да ја спаси Америка

На тема имиграција, запишете го овој конзервативен колумнист како силно про-депортација. САД имаат премногу луѓе кои не работат доволно напорно, не веруваат во Господ, не придонесуваат многу кон општеството и не ја ценат големината на американскиот систем, пишува колумнистот на Њујорк тајмс Брет Стивенс.

"Тие треба да се вратат од таму од каде што дошле.

Зборувам за Американци кои се во земјава веќе неколку генерации. Задоволни од својата позиција, завиени во своите права и често пати шокантно игноранти кон основните точки на американскиот закон и историја, тие се базенот на стагнирање во кои нашата национална перспектива ризикува да се удави," пишува Стивенс.

Објаснувајќи дека "ставка по ставка, американските неимигранти ја слабеат земјата" тој наведува неколку статистики:

- Неимигрантите е два пати поверојатно да бидат во затвор отколку нелегалните имигранти и три пати повеќе од легалните имигранти.

- Само 17% од финалистите на Потрагата по научен талент на Интел (наречен Јуниорска Нобелова награда), се деца чии родители се родени во САД.

- Повеќе нелегални имигранти се идентификуваат како христијани (83%), отколку Американците (70,6%).

- Неимигрантите имаат 50% помала стапка на започнување нов бизнис, и на нив отпаѓаат помалку од половина од компаниите основани во Силициумската долина од 1995 до 2005.

- Бројот на вонбрачни деца кај мајки родени во САД е поголем отколку оној кај мајки родени во странство. Разликата е 42 спрема 33.

- Растот на новороденчиња од 3,74 милиони во 1970, на 4 милиони во 2014 доаѓа чисто од породувања на мајки кои не се родени во САД. "Без овие имигрантски мајки, САД ќе се соочи со истата надолна спирала со која Јапонија сега се бори."

"Крајна линија: таканаречените вистински Американци ја уништуваат Америка. Можеби тие треба да си заминат, за да можеме нив да ги замениме со нови и подобри: новодојденци кои многу повеќе ќе ценат она што САД има да им го понуди, ќе бидат поамбициозни за себе и своите деца, и поподготвени да се жртвуваат за својата иднина. Со други зборови, тип на луѓе како што бевме ние - кога 'ние' се симнавме од брод," пишува Стивенс.

19 јуни 2017 - 13:31