Кина: Од Хилари демократија не гледате

Откако Хилари Клинтон реши да ги поддржи демонстрантите во Хонгконг, еден од најголемите кинески весници како одговор реши да потсети што се случува кога Хилари поддржува демонстрации во странски држави.

На својот официјален профил на Твитер, Пиплс дејли порачува: „Хилари Клинтон повика на поддршка за учесниците на немирите во Хонгконг. Ајде да видиме што се случи кога таа ја ’поддржа’ Сирија, Либија, Јемен, Ирак.“

Кон крајот на видеото тие покажуваат снимки кои ги наведуваат како доказ дека немирите во Хонгконг се дел од  Шарена револуција планирана и изведена од САД.

Во исто време Трамп на Твитер ги искористи немирите како пенал во трговските преговори со земјата, за потоа да се обиде преку истиот канал да договори состанок со претседателот на Кина.

16 август 2019 - 13:01