Не сме ни блиску до среќни

Аргументот „среќата не е во парите“ ќе го оставиме да се објасни со „полесно е да плачеш во Ауди отколку на точак“, во меѓувреме овие што имаат пари пресметале дека ти требаат најмалку 100 милиони долари за стварно да се чувствуваш богат.

Се проценува дека 5% од американската популација се милионери, меѓутоа околу 95% од нив се милионери со богатство меѓу 1 и 5 милиони долари. Како и да ви изгледаат овие пари, луѓето од магазинот Таун енд кантри објаснуваат дека ова не е сума со која можеш да се чувствуваш лабав во трошењето.

Авторот на книгата „Isn't That Rich? Life Among the 1%,“, Ричард Киршенбаум за магазинот објаснува дека милијардерите сметаат дека „100 милиони се почетна точка за вистински пари“.

Аналитичарите консултирани од магазинот проценуваат дека „бројот на среќата“ сепак повеќе се движи околу 190 милиони долари, за еден хипотетички пар со две деца да може да го одржи својот животен стил на богаташи.

Во пресметката предвид се земени:

- Недвижности: стан од 18 милиони долари на Петта авенија со поглед на Централ парк, 2 милиони долари на мебел и уредување, 20 милиони долари за викендица на Хамптонс и место за одмор на Кариби.

- Образование: 1,7 милиони долари по дете „за образовна стратегија без никакво штедење“, која опфаќа приватни училишта и тутори, лекции по музика, спорт, патувања во странство.

- Филантропија: 25.000 долари годишно за имаш место на бордот на Њујоршкиот музеј, плус 15.000 долари по маса за годишните добротворни настани.

- Персонал: 190.000 долари годишно за возач, готвач и чистење.

- Уметност: колекција од 7 или 8 парчиња секое по цена од 20 до 100 милиони долари, или околу 1 милион долари годишно.

- Наследство: ставот на над 100-ка богаташите е дека наследство од 23 милиони долари по дете е премалку, а над 63 милиони е премногу.

- Здравје и убавина: 150.000 долари годишно за облека, средување, фитнес тренинзи и козметички процедури.

18 ноември 2017 - 15:23