На упадот во Ареа 51, дојде никој

Како што обично бива со работи организирани на Фејсбук, упадот во Ареа 51 целосно издиша дури полошо и од најконзервативните предвидвуања.

Според властите на Невада пред портите на Ареа 51 се собрале околу 40 луѓе, иако на Фејсбук ги имаше над 2 милиони Американци кои храбро кликнале дека ќе учествуваат во соголувањето на владините тајни за вонземјаните.

На настанот имало и едно апсење, ама не за вознемирување вонземјани, туку за уринирање во јавност.

Откако целата акција на Фејсбук излезе помасовна од што кој било замислил, властите и човекот што го започна настанот (21-годишен дечко), изгубија неколку месеци во активно предупредување и пишманење луѓе да не се појавуваат пред воената база во Невада.

Инаку, во гратчето на околу 50 км. од Ареа 51 се собра нешто повеќе народ, макс. 3.000 луѓе, за кои беше организиран фестивалот Ејлиенсток. Ова беше под очекувањата на тамошните власти, кои се подготвија за 5 до 25 илјади посетители.

Еден од обидите за упаѓање во Ареа 51:

23 септември 2019 - 10:31