Лажовноста на изборните мапи и криминалот на нивно кроење

Анализата на Фајненшл тајмс е како кроењето на гласачките единици ќе ги реши изборите во САД. Кај нас не мора теоретски да се анализира затоа што во пракса знаеме како Скопје заврши двојазично после еден хируршки зафат од пред 15-на години познат како Закон за територијална поделба.

Помалото зло од оваа пракса е што анкетари (и новинари) барајќи како да ги оправдаат своите и (или) позициите на клиентот, можат да удрат сатар каде сакаат на мапа и на крај да излезат како победници во статистиките.

Поголемото зло е што политичари можат да го направат истото, или да бидат малку прецизни, па до последен гласач да ја поделат територијата во своја корист (или како општина Струга стана мнозински албанска).

Примерите што двајцава ги разгледуваат, новинарот на ФТ, Алан Смит, и професорот по географски информации од Лондонскиот универзитетски колеџ, главно се однесуваат на американските избори и како тамошното кроење резултира со неприродни мутирани гласачки единици.

13 јануари 2020 - 14:39