Кина куртули од бабите хулиганки

Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".

Пекинг њуз објавува дека бабите од бандата им викале, ги навредувале и ги плукале должниците со цел да ги соберат парите што им ги должеле по најразлични основи, од медицински трошоци до градежни проекти.

Тие го пренесуваат искуството на еден човек која ја опишува бандата, што знае да брои и до 30 членови, како хулиганки кои го соблекле на сред улица и го бркале до дома. Соблечениов тврди дека тие го зграбиле и му ги повредиле гениталиите, што го чинело 110 долари во медицински трошоци.

Друг должник изјавува дека 10 баби цели 6 дена кампувале кај него пред куќа, притоа "заплашувајќи го неговото семејство".

Од Пекинг њуз разговараат и со една припадничка на бандата која тврди дека никогаш не било употребено физичко насилство. Истата таа објаснува дека се приклучила затоа што немала што да прави и ова и се видело интересно.

Иако просекот е нешто над 50 години, во бандата имало членки и на возраст од над 70 години. Од работата за бандата бабите можат да заработат и до 38 долари дневно, плус им следува оброк.

11 август 2017 - 13:35