Како филантропијата ја загрозува демократијата

Истражување по истражување се потврдува мислењето на Американците дека премногу пари се вртат во политиката. Но, тие не знаат ни половина од вистината, велат луѓе кои се занимаваат со темата за елитистичкото финансирање разни проекти што во последно време се нарекува „филантропски колонијализам“. 

Повеќето граѓани - дури и ако се работи за редовен читател нас Њујорк тајмс - не можат да го препознаат најголемите донатори во американското општество. Тоа се луѓе за кои никогаш не сте слушнале а стојат зат проекти за социјален инженеринг кој суштински ги менуваат условите на живеењето, вели  Дејвид Калахан, автор на книгата „Давачи“.

Донаторството има долга традиција во американското општество и дадените пари секогаш биле поврзани со принципите и вредностите кои донаторот сака да ги промовира. Така се настанати карнегивеите јавни библиотеки чиј ментор, како религиозен скептик, се надевал дека библиотеките по дефиниција ги релативизираат верските стеги и апсолутни вистини.

Два понови примери за финансирање комплетно различни гледишта. Првиот, Арт Поуп, сопственик на ланец дисконти, со сериозни пари го избутка контроверзниот закон во Северна Каролина по кој транс-родовите лица треба да го користат она веце кое им следува со полот запишан во изводот на родените. Од друга страна Чак Вилијамс и неговиот институт станаа центри за промовирање на брачната рамноправност. Кога американскиот судија го промовираше калифорнискиот закон со кој се дозволуваат истополови бракови, овој институт беше цитиран точно 30 пати во образложението на одлуката.

Но, генерално, американските донатори ни приближно не се диверзифицирани како во претходните два примера.

„Најбогатите донатори се на линија на оние тинк-тенкови кои го држат правецот на Вол Стрит во одредувањето политики“, вели Калахан.

Постоечкиот закон за донации не е менуван од 1969 година и со него им се дава право на идеолошки групации -  кои не се многу различни од партиските штабови -  во поглед на даночните олеснувања да бидат третирани еднакво како реалните хуманитарни организации. Со други зборови, секој Американец кој плаќа даноци всушност ги субвенционира екстремно богатите и нивните обиди да ги наметнат своите погледи на јавните политики.

„ Со даночни олеснувања државата им помага на ултра- богатите да купат мегафон со кој ќе ги надвикаат гласовите на обичните луѓе кои немаат мегафон“, вели авторот.

4 мај 2017 - 08:50