Гледај го Џорџ Буш за да видиш како Трамп ќе биде помилуван од историјата

За тие што ги абат тастатурите уште од времето на Буш помладиот комплетно неверојатно изгледа целата ревизија што периодов се прави на ликот кој беше прогласуван за најлошиот и најнеквалификуваниот претседател на САД, претседателот чија интелигенција беше тема на општ потсмев, и претседателот кој ги постави основите за Гвантанамо, измачување затвореници и масовно прислушување како дома, така и низ свет, елементи кои пак некако успеаа да опстанат и една деценија по него.

Кори Доктроу во текстот за Боингбоинг пишува:

„Но денес, Џорџ Буш помладиот речиси комплетно е рехабилитиран: тој добива изложби во галерии за неговите посрани слики, се гушка со Мишел Обама во јавност, и го паметат како државник кој изгледа талентиран, одмерен и државнички кога ќе го споредат со запалениот контејнер Доналд Трамп.

Џорџ Буш помладиот, секако, е претседателот кој направи Роналд Реган - пријател на терористи и шверцери на оружје, кој тајно бомбардираше, сојузник на одредите на смртта, осудувач на сиромашни луѓе, поборник за налудничавиот сон за програмата Ѕвездени војни, човекот што го игнорираше распламтувањето на епидемијата на СИДА, доведе до раб на нуклеарна војна и ги позлати џебовите на дилерите на оружје - да изгледа добро во споредба.

Ако сакаш да ја разбереш иднината на репутацијата на Доналд Трамп, погледни го Џорџ Буш. Се сеќавам дека на времето мислев дека е непоимливо Реган да биде рехабилитиран, или Никсон, или Буш, меѓутоа сите од нив се, на некој значаен начин, одново создадени како доблесни со минувањето на времето и напредувањето на пострашни чудовишта од нив.

Трамп не е причината за Трампизмот - тој не е доволно паметен или ефикасен за да го предизвика тоа, тој е едвај паметен за да го искористи тоа - и истите мрачни сили кои го исфрлија Трамп на површината ќе исфрлат и полоши од Трамп во годините што следуваат.

Подгответе се да возите по Доналд Трамп меморијалниот автопат за да го посетите Доналд Трамп националниот парк каде морнари од Ес-Ес Доналд Трамп ќе доаѓаат кога се на отпуст.“

15 мај 2018 - 12:54