Данок на брада

Комплетно збунет од "психологијата зад трендот" бербер од Британија започна постапка за воведување данок на секој што носи брада.

Предлогот е секој што има брада подолга од 2 сантиметри да плаќа годишен данок од 100 фунти, додека за оние што се малку поприбрани во брадата давачката да биде 50 фунти.

Како што самиот објаснува, тој ја "анализира психологијата зад брадите" и заклучокот му е дека сето тоа има некаква врска со британските војници што се вратиле од Ирак или Авганистан со бради "сакајќи да изгледаат по мажествено во свет во кој луѓето се станати подеднакви."

"Жените се навистина успешни и во многу случаи тие имаат подобра работа од мажите - ова прави дел од нив да се чувствуваат незадоволни и тие гледаат да ја докажат својата мажественост со брада," објаснува 48-годишниот бербер Сел Грин, кој признава дека цел живот никако не може да израсне брада.

Инспирација на Грин за сето ова му е еден сличен закон од пред 500 години воведен од кралот Хенри VIII. Во тоа време секој маж со брада морал со себе да носи потврда дека платил данок.

Како следен чекор во проектот е да се воведе данок на долги мустаќи и големи веѓи.

17 мај 2016 - 10:31