20.000 Кинези ќе создаваат конкурент на Википедија

Целта не ни е да ја стигнеме Википедија, туку да ја надминеме, изјави првиот човек на проектот за кој кинеската влада ангажираше 20 илјади истражувачи, академици и професори.

Трката е против кинеската верзија на Википедија, а третото издание на Кинеската енциклопедија ќе биде "првата дигитална книга на нацијата што ќе опфаќа сè". Таа ќе содржи околу 300.000 текстови со по околу 1.000 зборови.

Намерата им е по содржина да бидат два пати поголеми од Британика, и отприлика исти со кинеската Википедија.

"Кинеската енциклопедија не е книга, туку е Големиот ѕид од културата," изјавил раководителот на проектот Јанг Мужи.

Идејата за кинеска енциклопедија потекнува од 1970-те, а првото издание беше објавено во 1993.

СЦМП (South China Morning Post) пренесе изјава на Јанг од минатата година во кој тој ја опишува Википедија како силен конкурент, ама:

"Читателите јас сметаат за меродавна, точна а и таа самата е брендирана како 'бесплатна енциклопедија што секој може да ја уредува', што е прилично привлечно.

Меѓутоа ние го имаме најголемиот и најквалитетен тим на автори во светот... нашата цел не е да ги стигнеме, туку да бидеме подобри од нив."

3 мај 2017 - 14:37