Зошто лековите да нè ги купуваме од буџет, а лимузините од хуманитарни концерти?

Без разлика дали е Мерцедесот на Маршалот, или на некој друг по него, без разлика дали биле левица, или биле десница, се знае на Балкан што иде со власта - германска премиум лимузина.

Ако остана нешто што ги поврзува партизаните и усташите, диктаторските режими од минатото и демократијата од сегашноста, војната, обновата и мирот (па така два пати), тоа е германска премиум лимузина. Политички без црна лимузина со возач вие не постоите. А уште кога тука има и некои ротациони, кога возите низ село како микс од противпожарна парада и пијани сватови, со светла, со сирена и знаменца - тогаш вашиот политички и општ его е на балканскиот врв. Бидејќи политиката на Балканот има две функции. Првата е нешто да заработите, за што инаку не сте способни. Втората е по село, да ми простите, да се курчите.

Се менуваат царства и кралства, се менуваат знамиња и грбови, петокраките доаѓаат и си заминуваат, но постои само една константа: Мерцедес, БМВ или Ауди. Тоа е повеќе од симбол, тоа е фетиш на успехот на балканскиот политичар и симбол на моќта над народните пари.

А потоа во еден, пазете еден ден ќе прочитаме сè. Ќе прочитаме колку што странскиот аналитичар кој би пишувал книга за Хрватска не би напишал во шест тома.

Од една страна владата основа „Фонд за иновативни лекови“ во кој за скапите лекувања на децата ќе може доброволно да се уплаќа, веројатно и да се организираат некакви хуманитарни концерти или јавување на оние 060 телефони „пет куни плус ДДВ“. Бидејќи, ете, државата нема пари. Од друга страна во Народни новини читаме дека е објавен крај на тендерот за набавка на блиндирани лимузини со држачи за автоматско оружје. Како што стои во одлуката за избор, тие чинат 9.255.543,75 куни, девет милиони двесте педесет и пет илјади, петстотини четириесет и три куни и седумдесет и пет липи (околу 1,22 милиони евра). Без ДДВ. Поопширно.

Никој не објасни што ќе и се оклопни лимузини од таа класа на земја како Хрватска - секако дека државата треба да има по некое такво возило, но на пример соседна Словенија купи две парчиња за нешто под половина милион евра. Што ќе ни е нам три пати поскапо? Впрочем, и во времето на претседателот Туѓман, кога имавме вистинска војна, оклопната лимузина делуваше попримерно и поскромно. Гости? Трамп и Путин би донеле своја, а за останатите лимузина може да се изнајми и на три дена, не да се купува. Да споменеме и дека Државната ревизија објави дека само за службените автомобили на корисниците на буџетот во 2014 потрошени се 336 милиони куни (44,5 милиони евра).

И тогаш ни текна - зошто работите да не ги поставиме обратно - зошто па за лимузините на политичарите да нè уплаќаме во фонд, а болните деца да ги лечиме директно од буџетот?

Реално гледано, пари има - ако имате за играчки од американските филмови како што се оклопни лимузини со автомати, ако имате третина милијарда куни годишно за службените возила на политичарите и бирократијата, тогаш имате и за сите можни и експериментални лекови за сите болни деца на оваа земја. И уште по некој милион за да им се поклонат лекови, завои и што друго и да им треба на заостанатите африкански и азиски земји.

Политичарите секако кажуваат дека автомобилите се менуваат „заради безбедноста“, со што би се сложиле кога на ист начин би се однесувале и кон автомобилите на сите нас останати - а јас еве не сум доживеал локален политичар да дојде и да ми каже: „На технички видовме дека возилото ви наполнило 10 години и 350.000 км, ќе ви купиме ново, посигурно!“ Некако се сомневам дека и вие што ова го читате сте доживеале вакво нешто.

Купувате стари канти во Германија, сервисот го развлекувате на картички и рати, се надевате дека вашиот половњак заедно со стандардното „го возеше баба во недела до црква“ има вистинско воздушно перниче, а не празна кутија, возите што и како можете и не сте доживеале политичар нешто да каже за безбедноста на вашето возило. Единствено нешто што сте го доживеале од политиката во врска со автомобилите е што на новите автомобили ви набија трошоци, па вие и понатаму ја возите старата канта, а тој ист политичар нова, фина лимузина. Вие не можете да дојдете до пристојно возило, вашето возило одамна е влезено во пубертет, за тие да можат со ваши пари да менуваат автомобили стари 4-6 години „заради сигурност.“.

Па еве го и нашиот предлог: лечењето деца нека оди директно од буџетот, а лимузините на политичарите нека се купуваат од донации. Слободно нашите политичари нека носат маици со бројот 060 на кој треба да се јавиш (060-НАГРАДИ ГО УЛЕБЕНИОТ), каде може да донирате 5 куни плус ДДВ за лимузина на омилениот политичар, можеме понатаму да размислуваме и за хуманитарните концерти (работен наслов: „Немој да се вози во Лада!“), а естрадата може да сними и некој забавен спот за кутриот политичар кој се вози во Шкода и на состаноците низ градовите сите му се смеат.

Зар не би било многу поубаво? Би создале еден така близок однос на политичарите и народот, кој несебично би помагал со донации за лимузините на политичарите. А веројатно и сите едвај чекаме хуманитарно, за Аудијата, БМВ-ата или Мерцедесите на нашите политичари, да запееме по некоја на концерт. Макар тоа и да не се клапи. Еве, вашиот автор радо би му запеал на премиерот една домашна, барем за носачот за знаменце на хаубата!

Горан Војковиќ,
Индекс

7 декември 2017 - 13:56