Тужбите за навреда не се решение за #MeToo

Оскаровецот Џефри Раш одведе на суд еден весник кој објави непотврдени сексуални обвинувања на негова сметка. И со тоа најмногу си наштети - на самиот себе. Решението за претеризмот со #MeToo и хистеричните сексуални лустрации можеби не се судски закани и тужби за нарушен углед туку најнормално бранење на стариот добар принцип дека секој е невин додека не се докаже спротивното.

Една од главните критики на адреса на #MeToo е што го третира непристојното однесување со иста сериозност како опасните сексуални напади. Глупи финти за пуштање, нападно шмекање или очешување од нечие тело повлекува ист гнев како сериозните случаи на малтретирање и насилство. Луѓе кои не направиле нешто повеќе освен што се однесувале како идиоти, се трпаат во ист кош со силеџии и криминалци. 

Погледнете го случајот со австралискиот актер Џeфри Раш, или „Кралот Лир“ како што го викаа по весници. Тој е обвинет за неадекватно однесување кон колешката Ерин-Џин Норвил, кога ја играла Корделија во неговиот „Кралот Лир“ во Сиднеј 2015. Наводите вклучуваат дека ѝ праќал непристојни пораки, ѝ викал дека изгледа „да ја изеде човек“, дека си ги облизнувал устите и еднаш непотребно допрел една страна од нејзината дојка кога ја вежбале сцената во која тој го носи телото на Корделија.

Дојстојно за шекспировски заплет, во оваа #МеТоо приказна има неколку слоеви. Норвил на времето не сакала да оди јавно со поплаки за Раш. Не направила ни формална поплака до тетатарот во кој играле. Таа просто неформално ja споделила приказната со колешки. Но приказната успева да си го најде својот пат до медиумите па во австралискиот Дејли Телеграф, кон крајот на 2017, осамнува наслов: „Светска ексклузива за Кралот Лир: Осакоровецот Раш негира непристојно однесување на сиднејската сцена“.

Потоа следува раскажуванка на наводниот скандал распослана на две страни иако Телеграф немаат ни докази ни извор. Потоа Раш ги демантира обвинувањата, велејќи дека весникот сака да го портретира како перверзњак. И како камбек достен за Лир, возвраќа со тужба за нарушување на угледот, против медиумот и неговиот новинар.

Грд е тоа случај. Телеграф не ни зборувале со Норвил пред да ги објават обвинувањата. А самите обвинувања се тенки. Таа подоцна кажа дека зборувала со колеги за да побара помош како да се упристои Раш но дека не наишла на разбирање. Се разбира, ова некои ќе го гледаат како подмолен обид за прикривање на случајот од страна на театарот ама може да биде нормален случај на глумци кои бранат колега глумец од сомнителни обвинувања.

Но, вистинскиот пресврт во приказната е дека овие наводни инциденти немаше да бидат дискутирани во јавна судница ако Раш не го тужеше Телеграф. Неговиот потег не само што е нелиберален бидејќи се обидува да чисти медиуми од сексуални теми туку е и само-поразувачки - тој со тужбата навлече огромно јавно внимание на обвинувањата против него.

Тужбите за нарушен углед се хазардни. Тие се против слободата на медиумите, која мора да содржи и слобода за учество во трачеви и скокоткање, колку и тие работи луѓето да ги сметаат за ниски. Како што аргументираше Брендан О' Нил, законите за заштита на угледот се одвратни бидејќи ја дигаат на пиедестал светоста на оние кои обично се богати и влијателни, над потребата од слободна, отворена па и тешка дебата. Мислам дека луѓето ќе имаа повеќе почит за Раш ако тој го искористеше својот глас цврсто и јасно да каже „Овие обвинувања се лажни“ 

А случајот можеше да биде многу поинаков и многу порано. Ако Норвил јасно и цврсто му кажела на Раш да си ги прибере тоа рацете. Тоа најверојатно ќе ѝ ставеше крај на драмата. Самиот факт колку прашина се крена околу допирање на дојка покажува колку комплетно несериозно станало движењето #MeToo.

Фрустрираноста на Раш е разбирлива. Но решение за претерувањата со #MeToo не е да се започнат тужби против медиумите или оние кои обвинуваат, туку да го браниме принципот дека секој е невин додека не се докаже обратното. Да имавме повеќе верба во тој принцип и како општество и како учесници во јавни дебати, Раш и сличните во негова позиција, без разлика колку обвинувања се калемат против нив, ќе можеа да сметаат на сомничавоста на ферската, разумна публика.

Ела Вилан

9 ноември 2018 - 15:27