Поштено истурање емоции и гнев

И многу јасно... секој си ја сака земјава ама ти да си ги осудиш децата и фамилијата да ги утепуваат едни те исти хоштаплери и криминалци кои ќе си се ротираат и ќе ни пружаат јак секс на по неколку години – тоа тешко!

Значи до сега не сум пишувал по фејсбуков... можда некад... многу ретко... па дури и родендени не сум честитал. Јебига, ако некој ти е битен во животов – постои и мобилен, има и смс. Едно "Среќен Роденден !" на ФБ ниту мене нешто ми значи, ниту пак на некој ако му пишам многу ќе му значи.

Ама еве сега во моментов ми дојде нервоза некоја, се напнав... Утре од сабајле можда (а и највероватно) и ќе си речам што на куров пишуваш вакви глупости... па уште и на фејсбук. Ама пошто тука сите си легнаа и неможам да се изнавикам у живо - еве тука на фејсбуков ќе се истресам :) Јебига, мој профил е - што сакам ќе правам.

Значи вака... еве седам... пијам некое вино без веза... слушам некои стари песни... САМ!
Песни што до пред некое време сум ги слушал со другари... Да... со еден куп другари... Банда цела!
Дури, кога ќе ми текне, толку многу се собиравме што се делевме по групи за да влеземе по ебаниве дискотеки... Јебига, ретко кој пушта 15 начукани пиштоли во диско.

Ама еве ова ми тежи... (мислев да ве тагнувам сите али нема смисла ќе ве пишам само по надимаци... како од времето.

Значи сè почна вака:

Прв си фати магла Д. Да... за него од мал се гледаше дека државава ќе му биде претесна. Човек со памет и амбиции што ќе му ги отворат сите врати, ма кај сака во светов да отиде... За 3-4 години направи толку многу во Њујорк што на други ќе им треба векови да го направат... Иначе – дипломиран економист.

После него - И. Прв комшија и другар од проодување!
Си отиде човекот на ворк енд травел во Америка, си виде бел свет. Дипломиран машински инжињер! Ќе се замара тука а златна струка си имa. Патот го однесе во Норвешка и таму си е топ со фамилијата...

Следен – Б.... Ееее Б.... срце мое

Дипломиран археолог! Во Македонија! Ветена земја за археологија. Човек што недај боже да го начнеш за некоја тема за историја... Отиде муабетот! Те утепа... со години, со факти, со фусноти, со све! Посебно после некоја фрлена ракија... Си отиде во Њујорк и он, си се снајде екстра... и многу јасно пошто е фиљан човек - Топ му е!

После некое време си седам со кумот, тепаме некое пиво лабаво... и ми вика и он - брат ќе аплицирам за во Австралија, не ја бива тука. Криминалци само... не гледам за мене, ми вика, гледам за син ми.

И многу јасно, краток е животов за да го трошиш и да те ебаваат овие идиотиве тука, кој кај стигне. Брат му отиде исто пред некое време... со фамилијата.

Еј си викам ајде за арно нека е, има време од апликација до идење. Ама после некој месец ми вика - брат добив картон. Идам во фебруари... Еве отиде пред месец дена... Дипломиран електро инжењер, или девелопер по модерно... со искуство со све. Да не ќе пропуштат таков кадар случајно во Австралија... Бујрум - со отворени раце!

Ееејјјј... уште не сум си дошол на себе.... Кумот! Фамилија! Али тоа е...

И уште не сме се испратиле со кумот – кога еве го и Д. Најпринципиелниот човек што го познавам! Сега рачунав, се дружиме малтене - веќе 20 години. Дипломиран електро инжењер! Т.е. магистриран електро инжењер.

Ни вика – идам јас за Германија. Му се пуштија еден куп регрутери на ЛинкедИн, си отиде на интервју, му дадоа договор црно на бело за во топ фирма во Хамбург. И многу јасно - си иде и он на 1ви Мај... да не ќе седи тука Сител да гледа...

Седнавме пред некој ден во Скопски Мерак... бивша Носталгија. Толку колку што останавме, да се напиеме по некоја ракија да се почастиме за на Д. договорот – кога еве ти го и П. Дипломиран електро инжењер и он.

Ни вика – другари, ај да не го ебам на Д. моментов – али и јас идам на 1ви Јуни за Холандија. Ми понудија топ работа... и тоа ти е.

И така... седам јас сеа... Измешани чувства. Се радувам за нив, а и криво ми е. Искрено многу ми е криво. Другари што многу ги сакам... другари со кој што израснав.

Криво ми е што си отидоа (или си одат) ама среќен сум за нив - не идат на полошо. Не идат да продаваат весници, таксисти да бидат или да бараат работа кој кај стигне. Не... - си идат во подобар живот. Си идат како професионалци и луѓе што стварно ги бива.

Во тоа е и проблемот. Не се ова луѓе што немаат пари... или кај да живеат... или знаење и струка, или па не можеле да се снајдат во земјава. Не! - Ова се луѓе што ќе треба да ја носат државава на нивниот грб. Ова се луѓе кој требаше да творат во ебанава земја.

Не се без школо, не ги интересира ебанава политика, не се бутаат со врски или со лепење плакати по ебанава државна администрација. Тоа се луѓе кој што се носечки столб на секоја држава... луѓе што имаат повеќе школо и знаење од сите овие ситни криминалци и во администрација, и во здраство, и во политика и да не редам... Луѓе што ги нервира некој да ги ебе во здрав памет, и луѓе што вратите во цел свет им се отворени.

И многу јасно... секој си ја сака земјава ама ти да си ги осудиш децата и фамилијата да ги утепуваат едни те исти хоштаплери и криминалци кои ќе си се ротираат и ќе ни пружаат јак секс на по неколку години – тоа тешко!

И ете така. И ние 3-4рица од друштвото што останавме, секое седнување најверојатно ќе ни биде муабетот кој каде магла да ја фати... А не дека ќе немаме каде.

Ете... истресов негде емоциите... е сега остана уште гневот!

И еве го:

Значи сите вие копилиња и вмровци, и комуњари, и дуи и муи и разно разни сателити и слични куртони и паразити. Значи да ви се изнаебам све по список што ме донесовте до овде... И да - со пцуење со све, со мајки – шајки и све по список... нема културен или интелектуален муабет за вас!
И да си ги земете сите тие нови 700 работни места на ден и да си ги бутнете таму од кај што сте испаднале.

Значи – Господ ќе ве казни - тоа може овие простиве овци што ги маткате да кажат...

Не, вас нема да ве казни господ... Ве здоболе вас за господ.

Вас ќе ве казни историјата за се ова што го направивте... Што ќе успеете да ја утепате скроз државава, што куп војни уназад не успеале. А вие живејте си во тој затворен круг дека сте патриоти или дека нешто добро правите... куртони едни. Не ја пишувате вие историјата! Историјата ќе ја пишуваат тие што си отидоа од тука... или тие што планираат да си одат пошто тука изглеа ништо не ќе да остане... а и све што можевте да ни заебете – заебавте... и уште не ви е доста.

Ете така ќе бидете вие запамтени во оваа кратка историја на нашава Македонија. Како – КУРТОНИ и криминалци што ја утепаа земјава... и вие и вашата криминална семка...све да ви се изнаебам!

Ете така... сеа ми е бар колку толку - полесно.

Н.Н.
(објавено со дозвола од авторот кој побара тој и другарите да бидат спомнати со иницијали)

30 март 2016 - 16:23