Нема правда на овој наш свет

Новинарите како мене кои тврдеа дека Ирак не поседува такво оружје беа избркани од работа или маргинализирани. Јас бев на црната листа на CNN откако Белата куќа им го наложи тоа. А сите „преститутки“ кои беа владини појачала за одење во војна, беа промовирани и величани. Добредојдовте во новите Советски медиуми.

Од неодамнешната собиранка на богатите од нафта Арапи во Кувајт, се ветија 30 милијарди долари за обнова на од војна разрушениот Ирак. Звучи фино но ваквите друштва се озлогласени по тоа што ветуваат многу ама даваат малку. 

Ерик Марголис
Ерик Марголис

Настанот беше форматиран како помагање на Ирак од воените штети нанесени од Исис. А фактички, поголемиот дел од штетите направени во тој краткотраен конфликт беа предизвикани од американското бомбардирање и неколкуте руски воздушни напади. Исис, како што овој колумнист одамна плаче сам во пустина, се само тигар од хартија склопен од САД, Британија и Франција за да го оправдаат военото замешателство во Сирија.

Ирачката влада вели дека се потребни најмалку 88 милијарди долари за да се поправи штетата. Она што тој режим инсталиран од САД не сака да каже е дека разурнувањата во Ирак се многу поголеми од 88 милијарди и дека тие главно се дело на американската авијација во 1990-1991 и во 2003 година.

Ирак беше уништен, го видов тоа лично во годините кога ги покривав војните. Малата нација од 23-25 милиони души, од кои една третина секогаш ќе бидат против властите во Багдад, беше раздробена во урнатини од американските воздушни сили и нивните проектили. Прво во 1990-1991, а потоа и во 2003, сè што вредеше беше уништено на парчиња: болници, училишта, фабрики за храна, хемиски плантажи кои правеа инсектициди, мостови, комуникации. На кратко, сè што поседува една модерна држава. 

За мене најстрашно беше што бомбардираа водоводи и канализации. Таквата деструкција резултираше со колера и други болести од кои најмногу страдаа децата. ОН проценија дека преку 550.000 ирачки деца починаа од затруена вода. Некогашната државна секретарка на Сад, Медлин Олбрајт, сите тие изгубени животи ги подведе под грозоморната оценка „тоа беше цена која вредеше да се плати“.

Во 2003 година, војска од 900.000 луѓе водени од САД влегоа во Кувајт за да завршат со Ирак „работа која првиот Буш не ја заврши“ и да го сруши и линчува Садам Хусеин. Ако Садам имаше нуклеарна или какво било далекусежно биолошко оружје, натрупаната војска во Кувајт ќе му беше идеална мета.

Но, Садам немаше такво оружје, како што тогаш тврдеа САД и Велика Британија. Во Багдад открив група британски научни техничари пратени од британското министерство за одбрана, во Салман Пак да прават забранет биолошко оружје како што е антраксот, ама само против Иран, доколку избие втора иранско-ирачка војска. 

Денес сите прифаќаат дека Ирак немал оружје за масовно уништување свртено кон Запад, како што тврдеа Буш и Блер. Но тоа беше алиби за да се влезе во војна против Ирак и да се уништи. Кога стана јасно дека такво оружје нема да се открие, од Вашингтон до Лондон приказната се смени во „Упс, разузнавачка грешка, извинете“.

Новинарите како мене кои тврдеа дека Ирак не поседува такво оружје беа избркани од работа или маргинализирани. Јас бев на црната листа на CNN откако Белата куќа им го наложи тоа. А сите „преститутки“ кои беа владини појачала за одење во војна, беа промовирани и величани. Добредојдовте во новите Советски медиуми.

Парите понудени од богатите залевски Арапи минатата недела се капка во море и главната намера им е колку -толку да го подготват Ирак за приклучување во новата анти-иранска алијанса.

Ако овој воен криминал беше прописно процесиран, Вашингтон ќе требаше да плати минимум 100 милијарди долари само за обнова на уништената физичка инфраструктура на Ирак, а и Иран ќе имаше право на отштета за агресијата во 1980-1988, период во кој таа земја имаше еден милион жртви.

„Упс, извинете што ви ја уништив земјата и децата“ не е доволно. Западните лидери кои ја конструираа војната против Ирак заслужуваат да се најдат пред лицето на правдата. Досега, мува не ги полази. А истата ужасна судбина потоа им се случи на Сирија, Јемен и делови на Сомалија. Сите ли овие катастрофи се разузнавачка грешка?

Ерик Марголис

21 февруари 2018 - 12:27