Ерих Фром:

Избегнувајте го друштвото на тривијалните луѓе

Ним главно им е одбојна нашата слобода и храброст да бидеме тоа што сме. Никому не му должиме ни објаснување ни полагање сметки сè додека со нашите постапки не нарушуваме нивни права. Колку само животи биле упропастени заради оваа потреба "да им објасниме"?

Колку милијарди разговори се воделе за избори, инфлација, Блискиот исток... и колку ретко тие разговори навлегувале малку подлабоко од очигледното, строго пристрасно стојалиште, за да би продреле во корените и причините за појавите за кои се расправа. Доаѓа да поверуваме дека на мнозинството луѓе војните, злосторствата, скандалите па и болестите им се нужни за да имаат за што да муабетат, односно причина меѓусебе да комуницираат, па макaр било тоа тривијално. И навистина, кога веќе човечките бититја се претворени во потрошна стока, какви можат да бидат нивните разговори ако не тривијални? Кога стоката по рафтови би можела да зборува, зар не би муабетела за купците, за трговците, за сопствените надежи дека ќе биде продадена по висока цена и разочарувањата кога ќе стане јасно дека воопшто нема да биде продадена?

Можеби најпразните муабети потекнуваат од потребата да се зборува за себе; оттука и бескрајните прикаски за здравјето, патувањата, успесите, кој што правел, за безброј детали од секојдневието. А бидејќи човек не може цело време да зборува за себе а да не стане досаден, мора таа привилегија да ја дели со други така што ќе биде подготвен да ги слуша додека тие зборуваат за себе.

Социјалните средби меѓу луѓето се всушност мали пазарчиња на кои секој ја разменува сопствената потреба да зборува за себе со друг кој ја има истата потреба.

Човечката потреба да зборува за себе речиси и не може да биде преценета. Да ја има само во нарцисоидни личности, би било разбирливо, но ја има во секој просечен човек, а причините лежат во современата култура и општество. Современиот човек е високо социјализиран но и осамен. Улогата на тривијалните разговори е да одговори на прашањето: Како да останам сам а да не бидам осамен?

Тривијалното друштво секогаш треба да се избегнува, освен ако човек не е сигурен дека е во состојба тоа воопшто да не влијае врз него.

Ако другите не го разбираат нашето однесување - па што? Нивното инсистирање да го правиме само она што ним им е сфатливо е обид за диктат. Ако тоа што ние го правиме им е "асоцијално" или "ирационално" - нека им е. Ним главно им е одбојна нашата слобода и храброст да бидеме тоа што сме. Никому не му должиме ни објаснување ни полагање сметки сè додека со нашите постапки не нарушуваме нивни права. Колку само животи биле упропастени заради оваа потреба "да им објасниме"?

Нека бидат проценувани вашите дела, а според нив и вашите вистински намери. Знајте дека слободен човек никому не му должи објаснување освен на самиот себе - на својот разум и свест - и на оние малубројни кое му го потврдиле своето право на објаснување.

Ерих Фром, "Да се има или да се биде"

21 октомври 2016 - 13:27