Лажните вести за лажните вести

Приказната за македонската фабрика за лажни вести

Како што западните медиуми без џвакање ја проголтаа приказната за македонски тинејџери кои со своите лажни вести им го изместиле текот на изборите, животот, историјата, така се редеа и новинарските падобранци во Велес кои речиси униформно во претставувањето на градот и престапниците го користеа комплетниот список стереотипи на тема сиромашен пост-социјалистички источноевропски град.

"Новинарите, во кратката возбуда околу медиумското покривање на 'адолесцентите босови' кои ја нападнаа западната политика со нивните развиени империи на дезинформации, ја раширија и сопствената искривена слика за непознатиот град и неговите жители.

Со нагласување на искуството на разочараните тинејџери, медиумите го сместија целиот град во неласкавиот калап од постојните источноевропски стереотипи.

Велес стана суштински пуст, исцрпен вакум зафрлен на Балканот, кој тера на неморално профитирање.

Таквата слика ја игнорира повеќеслојната реалност и е дел од долгата традиција на западњаци во потрага по она што историчарот Лери Вулф го нарекува 'полу варварство' на 'нерафинираните краеви' на континентот.

Ова не е прв пат жителите на Велес да читаат негативно, сензационалистичко покривање за себе во меѓународниот печат. Германските медиуми претходно го крстија местото 'Македонската престолнина на пороците', а стотиците негови жители кои профитираа од крајно ефикасната и отпорна трговија на дрога 'Франкфурт мафија'.

Луѓето тука се премногу навикнати на слики од напуштени фабрики, згради разрушени од војна и гангстери. Прашај ги што мислат за тоа како се претставени во медиумите и твоето прашање ќе го пречекаат со циничен поглед на човек кој одамна е помирен со странци кои се целосно игнорантни кон нивната држава, а да не зборуваме за нивниот град."

Целата репортажа на Лалејџ Харис за Велес, ја имате тука.

11 август 2017 - 15:22