Каква опрема за прислушување Британија испорача во Македонија

Уреди за снимање телефонски разговори и текст пораки, хардвер за мониторирање на интернет сообраќај, се само дел од опремата за која британската влада во изминатите две години даде лиценци за извоз.

Производите за следење и прислушување се извезувани во за земји од сите континенти на светот, а во Европа тие завршуваат само во три држави: Чешка, Србија и Македонија.

Мапата на сите зделки на британските компании изработена од Мадерборд се базира на податоците објавени од британскиот Оддел за меѓународна трговија. Во овие бројки опфатени се само лиценците за извоз дадени од 2015, или по македонско мерење на времето, во истата година кога почнаа "бомбите".

Освен поделбата по опрема и земја, мапата прави разлика и меѓу привремени и постојани лиценци. Првите се лиценци кои се даваат за производот да биде изнесен од Британија за саеми или демонстрација на производот на муштериите, и траат 12 месеци.

Според мапата за Македонија е дадена привремена лиценца за телекомуникациска опрема, конкретно за производот "Evolve-4 Nimbus" од компанијата Кобхам. Станува збор за  "IMSI catcher" (International Mobile Subscriber Identity-catcher) уред кој служи за прислушување на разговори на мобилен телефон и следење на локацијата на телефонот. Уредот во основа "глуми" антена на мобилен оператор на кој се закачува мобилниот на жртвата.

Глумењето му успева со тоа што тој емитува појак сигнал од која било блиска антена, а бидејќи мобилните секогаш се обидуваат да фатат подобар сигнал, без многу размислување се закачуваат на сигналот што доаѓа од уредот. На пример ако има 3 антени, уредот секогаш ќе избере да се закачи на онаа со најсилен сигнал. (Секако има уште многу техника и дипломи по телекомуникации во позадина на процесот.)

Една од маните по која се познава користењето на овој уред е што во моментот кога тој глуми дека е антена на некој оператор, сите корисници на тој оператор во околината, освен таргетираниот, немаат сигнал.

Во брошурата на Кобхам ова го пишува за Evolve-4 Nimbus:

Од 148 лиценци за извоз од Британија, 16 биле токму за "Evolve-4 Nimbus".

Целиот каталог на Кобхам го имате тука, сите лиценци издадени од британската влада се тука

Мапата на Мадерборд ја имате тука

4 април 2017 - 09:52