Парадокси на бесрамниот ум:

Грците нè признаваат, само што тоа не го признаваат?!

На пример, кога Исмет Рамадани ќе каже: „Токму на овие преговори Грција сфати дека има Македонци“

Ок. После толку преговори во кои разни персони по тв трибини истакнуваат дека во нив е постигнат досега невиден напредок ( „Така е“, би ви рекол Ципрас, “конечно најдовме некој од вас кој прифати да си го смените името ерга омнес“) на 1 јуни, 2018 година, на официјалниот сајт на грчкото МНР, на тема „Прашањето за името на ФИРОМ“, стои ова:

Нспроти историското наследство, Поранешната Југословенска Република Македонија во 1991 година прогласи независност, темелејќи го своето постоење како независна држава на вештачката и фалсификувана идеја за „македонска нација“, која беше систематски негувана со фалсфикување на историјата и користење на античка Македонија заради политички опортунизам. (извор)

На први јуни, 2018 година, после онолкав напредок во преговорите.... Дечки, ова се брише ПРЕД да се почне да се преговара.

Мамата мамина.

1 јуни 2018 - 09:32