Заборави, ако мораш

Ако сакате интернетот да го заборави вашето минато, најдобро е да се преселикте во ЕУ. Таму Гугл мора да ги тргне непријатните линкови за вас ако тоа го побарате, на други места не.

Гугл нема да мора глобално да го спроведува „правото да се биде заборавен“ односно по барање на човек да ги отстранува од резултатите на пребарувањето линковите кои тој не сака да бидат видени. Таквата привилегија останува само за граѓаните на ЕУ, реши Судот на правдата.

Ова е редок случај Гугл да добие битна судска парница а случајот беше тест и за тоа дали ЕУ ќе се осмели да ги спроведува своите закони и надвор од нејзините граници. Судот процени дека правото на заштита на приватните податоци не е апсолутно.

„Балансот меѓу правото на приватност и заштита на личните податоци од една страна, и слободата на информираност на интернет корисниците од друга, значајно варира во различни делови на светот,“ објасни судот.

Откако ова „право да се биде заборавен“ беше промовирано во 2014 година, Гугл добил 845.501 барање за отстранување линкови и досега отстранил 45% од 3,3 милиони линкови за кои било побарано пребарувачот да ги држи во сенка.

 

25 септември 2019 - 10:05