Магна порно

Британските парламентарци и останатите вработени во британскиот парламент на секои 9 минути имале обид да гледаат порно на своето работно место, покажуваат новите бројки од тамошниот законодавен дом. Нивната верзија е дека ова не било намерно.

Последниве 4 месеци од интернет адресите на британскиот парламент доаѓаат 24.000 обиди да се пристапи до порнографија. На разочарување на очекувањата на целата таа публика, најголемиот дел од овие обиди се блокирани.

Портпаролот на Британскиот парламент целата работа ја објаснува со тоа дека сите порно содржини се забранети на нивната мрежа, па податоците покажуваат дека луѓето се обиделе да отворат порно, ама не и дека успеале во својата намера.

„Најголемиот дел од ’обидите’ не биле намерни,“ изјавил портпаролот на британскиот парламент.

Втора линија на одбрана е дека некој од надвор дошол па им отворал порно на нивна мрежа, бидејќи податоците ги опфаќаат и личните уреди на вработените, како и уредите што се најавени на јавното ви-фи за посетители.

Бројките доаѓаат само неколку недели откако британскиот заменик премиер, Дамиан Грин, беше сменет од неговата позиција по обвинувањата дека на неговиот службен компјутер во Вестминстер имало порно, и дека допрел жена (за колено) без нејзина согласност.

10 јануари 2018 - 11:24