Директор во Твитер е и британски специјалец за психолошки операции

Ни помалку ни повеќе човекот има уредувачка одговорност за Европа, Блискиот Исток и Африка, додека во исто време е припадник на единицата за психолошка војна и пропаганда на британската армија.

Се работи за Гордон Мекмилан, кој се приклучува на Твитер во 2013 и работи како „Head of Editorial for EMEA“. Во армијата тој е резервист на 77-та бригада, оформена во 2015 со цел „информативна војна“ и развивање „несмртоносни начини“ за водење војна.

Бригадата на Мекмилан во своето делување користи платформи како Твитер, Инстаграм и Фејсбук, како и подкасти, анализи на податоци и истражување на јавноста за водење на информативната војна, која според британските генерали и дава на армијата „способност да биде конкурентна во војната на наративи на тактичко ниво“ и да ја оформува перцепцијата за еден конфликт.

Околу ваквото кадровско решение од Твитер изјавуваат „дека не дозвлуваат податоците од мрежата да се користат вон правилата“ и дека „вработените кои имаат и дополнителни активности вон работа се поттикнати да го прават тоа во согласност со политиките на компанијата.“

Британската армија за возврат се дистанцираше од Твитер објаснувајќи дека не постои никаква соработка или спогодба меѓу 77-та бригада и социјалната мрежа.

Мекмилан одбил да даде изјава на темата.

9 октомври 2019 - 15:16