Дали ќе се случи балканизација на интернетот?

Интернет расцепкан врз основа на геополитичка поделба, која би можела да има директни политички и физички последици, е она што Ерик Шмит подразбира под "балканизација."

Теоретски, Шмит објаснува, некоја автократска влада на која не и се допаѓа постоењето на слободата на интернетот би можела да се спротивстави на неговото регуларно функционирање.

"На пример Иран како што се спротивставува. Минатиот месец Иран ги најави плановите државата да создаде дигитална мапа која ќе функционира како 'исламски Гугл Ерт'. Не го измислувам ова, навистина го објавија."

Освен ова Иран во моментот има технологија која може да го "формира" интернет искуството на неговите граѓани "хируршки филтрирајќи ги содржините," и притоа бајпасирајќи ги Гугл, Фејсбук и другите големи интернет компании.

На панелот на Атлантик, учествуваше и Џаред Коен (исто така од Гугл) кој стравува дека "балканизацијата на интернетот ќе им овозможи на авторитарните држави да се групираат и да создаваат сајбер-алијанси кои потоа заеднички ќе го уредуваат интернетот за да спроведуваат заеднички правила."

"Со тек на време тие може да се впуштат во дигитално етничко чистење. Традиционалните правни и политички кочници за масовниот криминал се развиени во и за физичкиот свет, но во дигиталниот, овие кочници се далеку помалку развиени. Интернетот е премногу нов, и можеш да замислиш како автократските режими би можеле да го искористат тоа, креирајќи сценарио во кое една група ќе ги филтрира интернет содржините на друга група. Или да го изгаси нивниот пристап до интернет. Или да ги нападне (DDoS). Со други зборови, една група би можела во основа да го уништи дигиталното постење на другата."

Шмит и Коен, во нивната книга - The New Digital Age: Reshaping the Future of People, Nations, and Business, зборуваат за потребата од "виртуелна надворешна политика" која ќе работи на решавањето на овие проблеми.

20 мај 2013 - 15:54