АлиЕкспрес денот, најголем шопинг ден на сите времиња

Алибаба официјално го води како Денот на самците и е празник што го презеде од кинеските студенти, кои го започнаа во 1990-те како прослава на Кинезите без партнер/ка. За само десет години тие успеаа денот да го претворат во најголемиот шопинг настан на светот, привлекувајќи стотици милиони луѓе кои заедно за еден ден ќе потрошат десетици милијарди долари.

Годинава денот ќе го отвори Тејлор Свифт, и ова ќе биде прв пат АлиЕкспрес денот (по нашки) да не биде под надзор и контрола на Џек Ма, основачот на Алибаба.

Зошто 11-ти ноември го избраа за Денот на самците, затоа што 11/11, единствениот ден во годината со четири единици, а притоа на студентите им беше потребен ден како контратежа на Валентајн и целиот притисок од родителите да мажат/женат и да почнат семејство.

Причината зошто Алибаба го присвојува Денот на самците е затоа што Џек Ма уште од почеток е на памет да поврзе давање попусти со локален празник, по инспирација од американскиот Црн петок кој е организиран еден ден по Денот на благодарноста. Прв пат Алибаба ова го прави во 2009.

Со тек на време на празникот се налепуваат и други големи он-лајн продавници, а Амазон од 2015 се обидува да го повтори успехот на Алибаба со воведување на Амазон Прајм денот.

За годинава очекувањето на Алибаба е дека во празникот ќе учествуваат (купуваат) над 500 милиони луѓе, околу 100 милиони повеќе отколку во 2018.

Минатата година на празникот, во рок од 24 часа, беа продадени производи во вредност од 30,7 милијарди долари. Ова се повеќе пари отколку што во САД се прават за време на 5-дневната шопинг серија која почнува да Денот на благодарност, а завршува со Сајбер понеделникот.

Дел од годинешниот раст во продажбата се очекува како резултат на обновениот шопинг патриотизам на Кинезите кој расцвета по американско-кинеската трговска војна (тарифи) и бојкотот на Хуавеи.

8 ноември 2019 - 17:39