6 прашања и одговори околу казната за Гугл од 4,3 милијарди евра

Ова е сосема посебен случај и единствена сличност со минатогодишната казна од 2,7 милијарди евра е што повторно главни ликови се ЕУ и Гугл. Ланската казна се однесуваше на шопингот, годинешниве 4,3 милијарди се однесуваат на Гугл пребарувањето, Хром и Плеј стор.

1. Што точно има згрешено Гугл?

Европската комисија реши дека Гугл нефер го користи сопствениот Андроид оперативен систем за промоција на Гугл пребарувањето.

Конкретно три работи:

- Гугл бара од сите производители на уреди да ги вклучат пребарувањето и Хром, доколку сакаат пристап до Плеј стор и останатите Гугл апликации и сервиси.

- Гугл им плаќал на одредени производители и мобилни оператори ексклузивно да го вклучат Гугл пребарувањето на своите уреди, за сметка на останатите пребарувачи.

- Гугл ги блокирал производителите на телефони да создадат уреди кои ќе работат на модификувана верзија на Андроид. Односно ако сакаш пристап до Гугл апликациите (кои вклучуваат Плеј стор и Гугл пребарување), не смееш да развиваш ниту продаваш уреди што работат на модификуван Андроид (на пример како што е Фајр ОС што Амазон го користи за своите таблет уреди).


2. Зошто ова не важи за Епл?

Европската комисија проценува дека Андроид се разликува од Иос на Епл (или од Блекбери ОС) бидејќи тие се ексклузивни оперативни системи кои не им се лиценцираат на други производители на уреди. Епл не може да биде одговорен за тоа што сам на себе не си дозволил да користи одредени апликации на сопствениот оперативен систем.

Во исто време Гугл овозможува Андроид да биде користен од други компании и производители, кои му служат за зголемување на доминацијата на сопствениот сервис за пребарување.


3. Што е толку важен Плеј стор кога на Андроид можеш да инсталираш што сакаш?

Пример за ова се Амазон Фајр таблет уредите или Амазон Фајр ТВ работат на сопствена верзија на Андроид, притоа на нив не може да се инсталира Плеј стор или која било Гугл апликација.

Но според ЕК, Плеј стор е премногу важен бидејќи од него доаѓаат над 90% од сите апликации инсталирани на Андроид уредите.

Грижата на ЕК е дека Гугл ја користи продавницата за апликации за да ги присили производителите да понудат Гугл пребарување или Хром браусер на својот уред.


4. Ако проблем е пребарувањето, зошто тогаш е вклучен Хром?

ЕК го смета Хром за суштински важен за приходите на Гугл пребарувањето, па затоа и тој е ставен во купот.


5. Каков е ставот на другите компании?

Генерално сите што ги контактира Верџ, а го контактира речиси секој поголем производител на Андроид смартфони, немаат коментар околу пресудата.


6. Следно?

Гугл има 90 дена да ја плати казната, и истовремено да престане да ги присилува производителите однапред да инсталираат Хром и Гугл пребарување за да добијат пристап до Плеј стор, и да ја укинат забраната за производителите да користат модификувани верзии (форк) на Андроид. Гугл веќе има поднесено жалба на одлуката.

19 јули 2018 - 15:46